Шкотски дизајнер обликува млади садници во форма на мебел

27

mebel-glavna

Шкотскиот дизајнер на мебел Гавин Мунро после неколку години напорна работа успеа да го усоврши својот проект Full Grown, којшто подразбира создавање мебел на необичен начин.

mebel1

Овој дизајнер со помош на претходно подготвени калапи обликува млади садници на дрво во форма на мебел, столица или ламба. Но, освен калапите, неопходно е и кроење на гранките на дрвото додека расте.

kalapi

За целиот процес на создавање на мебел што израснува, потребни се од четири до осум години, пишува Colossal.

Мунро вели дека овој процес на создавање на мебел е органски бидејќи користи само воздух, земја и сончева светлина. Откако дрвото ќе израсне во саканиот облик, се носи на сушење и финална обработка во работилница.

mebellampa

Првиот прототип на Full Grown столица е изложен во народниот музеј на Шкотска, а дизајнерот и неговиот тим го поставија на платформата за групно финансирање Kickstarter.