Шолја кафе во Данска чини скоро пет, а во Алжир пола евро

73

Една шолја капучино во Данска чини 4,89 евра, што е најскапа шолја кафе во светот, покажуваат податоците на Numbeo. Во Алжир, пак, една шолја капучино се продава по цена од 0,51 евро.

Земји во коишто кафето е “мало богатство“ се и: Катар (4,45 евра), Обединети Арапски Емирати (4,37 евра), Бахреин (4,24 евра) и Хонг Конг (4,17 евра).

Од земјите во регионот, шолја капучино во Грција чини 2,93 евра, додека во Хрватска е 1,48 евра. Црногорците за една шолја капучино во просек плаќаат по 1,48 евра, додека во Словенија е 1,38 евра. Една шолја капучино во Албанија се продава по 1,17 евра, во Србија 1,13 евра, во Бугарија 1,12 евра, додека кај нас просечната цена е 1,08 евра. Зад нас е Босна и Херцеговина каде една шолја чај се продава по 0,95 евра.

Најевтино кафе се продава во: Косово (0,93 евра), Тунис (0,56 евра) и Алжир (0,51 евра).

Фото: Pixabay