Шпанија: 10 пати повеќе туристи кои за еден месец потрошиле 2,14 милијарди евра

62

Во Шпанија во јуни оваа година престојувале 2,2 милиони странски туристи, што е 10 пати повеќе одошто во истиот месец минатата година кога имало само 204.272 туристи.

Тоа на земјата ѝ донесе значителен девизен прилив, бидејќи, странските гости во јуни потрошиле 2,14 милијарди евра во однос на само 133,9 милиони евра во споредба со истиот месец во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Но, бројот на странски посетители во Шпанија во јуни бил за 6,1 милиони помал во однос на јуни 2019 година. Нивната потрошувачка, исто така, е помала за 75% во споредба со 9,68 милијарди евра регистрирани во јуни 2019 година.

Најпосетувана туристичка дестинација биле Балеарските острови што ги посетиле околу 30% од вкупниот број на гости од странство.

Фото: Pexels