Шпанија ја разгледува можноста за пренаменување на фабриката на јапонскиот производител на автомобили Nissan, којашто треба да затвори во декември, за производство на батерии за електрични автомобили.
Европската унија се залага за домашно производство на батерии за производителите на автомобили бидат помалку зависни од увозот од Кина.
Nissan има три фабрики во околината на Барселона, во кои директно се вработени околу 3.000 луѓе, а индиректно околу 20.000. Тие планираа да ги затворат до крајот на минатата година, но го одложија затворањето за една година, за властите да имаат повеќе време да најдат купувач.
Главната фабрика на Nissan е изградена на државно земјиште.
Владата на шпанскиот регион Каталонија поддржува проект за изградба на фабрика за производство и рециклирање на батерии.
Фото: Pixabay