Во првата половина од годинава Шпанија ја посетиле 37,5 милиони туристи, што е за 24 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти владата во Мадрид.
Посетата, сепак, е помала отколку во истиот период од 2019 година, пред епидемијата на коронавирусот, објави агенцијата Бета.
Официјалните лица велат дека бројките покажуваат дека меѓународниот туризам значително закрепнал од пандемијата.
Во Шпанија најмногу гости има од Велика Британија – околу осум милиони, потоа Франција и Германија – по околу пет милиони луѓе.
Шпанија е во голема мера зависна од туризмот, чие учество во бруто домашниот производ е 12 отсто.
Во првата половина од годинава најпосетувана беше Каталонија, односно каталонските дестинации Барселона и Коста Брава.