Шпанија ќе инвестира 4,3 милијарди евра во производство на електрични возила и батерии во рамки на големата национална програма за потрошувачка, којашто во најголем дел ќе се финансира од фондови на Европската унија за закрепнување.
Премиерот Педро Санчез рекол дека целта е поттикнување на приватните инвестиции, а ќе биде опфатен цел процес на производство, од ископување литиум до составување ќелии за батерии и производство на електрични возила.
“Важно е Шпанија да реагира и да ја надмудри оваа трансформација во европскиот автомобилски сектор“, рекол Санчез, додавајќи дека приватниот сектор би можел да придонесе со дополнителни 15 милијарди евра на оваа иницијатива, пренесува Ројтерс.
По Германија, Шпанија е втор најголем европски производител на автомобили и осма во светски рамки.
Фото: Pexels