Шпанија, Мексико и Мароко – најголеми извозници на лубеници во светот

46

Лубеницата со право е едно најубавите овошја што се најпопуларни особено во летниот период. Нивната црвена срцевина и прекрасна зелена кора ги прави да бидат примамливи и прекрасни на прв поглед.

Во светот, минатата година извезени се лубеници во вкупен износ од 1,8 милијарди долари. Шпанија е лидер во светски рамки, бидејќи лани инкасираше 506,5 милиони долари од извоз на лубеници. Зад нејзе е Мексико со извоз вреден 259,3 милиони долари, додека Мароко се позиционираше на трето место со извоз од 127 милиони долари.

Во првите 10 најголеми земји извозници на лубеници се: Италија (125 милиони долари), САД (123 милиони долари), Холандија (99,2 милиони долари), Грција (63 милиони долари), Гватемала (55 милиони долари), Виетнам (43 милиони долари) и Кина (39 милиони долари).

Бугарија и Албанија се на 32-ро односно 33-то место со извоз вреден околу три милиони долари. Македонија е 42-ра во светски рамки со извоз на лубеници од 1,6 милиони долари. На 45-то место е Србија со извоз на лубеници од околу еден милион  долари, исто толку има и Хрватска. Словенија е 50-та во светот, затоа што нејзиниот извоз лани достигна висина од 740.000 долари, Црна Гора е 10 места подолу со извоз од 270.000 долари.

Фото: Pixabay