Шпанија од 20 мај се отвора за туристи кои доаѓааат од земји надвор од ЕУ

70

Патниците надвор од Европската Унија (ЕУ), ќе можат да ја посетуваат Шпанија од 20 мај, рече министерот за туризам, Рејес Марото.

Ова може да биде благодет за шпанскиот туристички сектор бидејќи ќе им овозможи на луѓето од Велика Британија, САД или Турција да доаѓаат во Шпанија на одмор.

Марото изјави дека бидејќи Велика Британија има мал број заразени лица, британските туристи, вакцинирани или не, веројатно нема да мораат да прикажат ниту негативен тест за коронавирус за да влезат во Шпанија.

Од друга страна, Шпанија не беше на посакуваната британска зелена листа на туристички дестинации поради високата стапка на заразени со Ковид-19.

“Вонредната состојба е минато. Мора да гледаме кон иднината, а тоа се вакцини, вакцини, вакцини “, рече премиерот Педро Санчез.

Речиси 30% од возрасната популација се вакцинирани со најмалку една доза, пишуваат шпанските медиуми.

Фото: Pixabay