Шпанија за оваа година очекува да забележи “релативно задоволувачки“ 40 милиони странски гости и покрај силниот раст на стапката на зараза со коронавирусот, изјави тамошната министерка за туризам, Рејес Марото.
По рекордните 83,7 милиони во 2019-та година, бројот на странски гости се намали минатата година на 19 милиони поради пандемијата и меѓународните ограничувања на патувањата.
“Пандемијата уште не е завршена, важно е да се остане внимателен, но благодарение на напредокот со вакцинацијата ова лето не може да се спореди со минатата година“, рекла Марото, додавајќи дека стапката на зараза можеби е во раст, но не и бројот на хоспитализирани пациенти.
Фото: Pexels