Шпанија урива рекорди со лоши кредити

27

Шпанската централна банка објави дека вкупниот удел на лоши кредити во шпанскиот банкарски сектор во септември достигнал рекордни 10,7% од нивната вкупна вредност. Колку за споредба, во август нивниот удел изнесувал 10,5%.

Во септември износот на ненаплатени заеми стигнал до 182,2 милијарди евра, што е за 3,5 милијарди евра повеќе отколку претходниот месец. Нивниот износ расте 15 месеци по ред.

Многу шпански банки се притиснати од лоши кредити врзани за секторот на недвижнини, кој по десетгодишен процут, во 2008 година доживеа колапс и го турна банкарскиот систем во големи маки.

Партнерите во еврозоната му одобрија на Мадрид пакет помош во висина од 100 милијарди евра за помош на банките.