Шпанска Telefonica со Allianz ќе вложат пет милијарди евра во Германија

29

Шпанската телекомуникациска компанија, Telefonica ќе соработува со германската осигурителна компанија Allianz и ќе вложи пет милијарди евра за изградба на инфраструктура во Германија, пренесуваат европските медиуми.

Одделите за инвестиции на Telefonica и Allianz ќе основаат заедничка компанија којашто ќе инвестира во оптичка мрежа во Германија.

Претходно се наведуваше дека Telefonica е во завршна фаза на преговори со банки и инвеститор за изградба на оптичка мрежа во делови од Германија што не се покриени со постоечката инфраструктура.

Фото: Facebook