Шпаркасе Банка Македонија ќе биде 11-ти овластен учесник на пазарот на хартии од вредност

25

komisija-za-hartii-od-vrednost

Шпаркасе Банка Македонија од Комисијата за хартии од вредност доби дозвола да основа Одделение за работи со хартии од вредност. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје преку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на нашиот пазар на хартии од вредност.

Со оваа одделение, во следните три години ќе раководи Драган Илкоски. Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност и тоа: купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот; купување и продавање на хартии од вредност по налог и за своја сметка; управување со портфолио на хартии од вредност; вршење на активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност; дејствување како покровител при котација; инвестициско советување; активности за сметка на трети лица за преземање на акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва; чување на хартии од вредност; прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

На седницата што се одржа на 21 ноември, 2016 година, КХВ обнови една дозвола за брокер и издаде една лиценца за инвестициски советник.