Шпаркасе банка организира наградна игра

33

sparkase-banka

Шпаркасе Банка од шести април започнува со наградна игра во која главните награди се викенд патувања за двајца на различни дестинации во Македонија.

Право на учество имаат сите полнолетни лица корисници на MasterCard Standard и VISA Classic кредитните картички кои во било кои од трите наградни периоди ќе остварат промет во трговија во минимален износ од 2.000 денари, а корисниците на MasterCard Gold и VISA Gold промет во минимален износ од 12.000 денари.

Среќните добитници ќе имаат можност да уживаат во убавините на пролетта во Охрид, да се забавуваат на овогодинешниот Прилепски Пиво Фест или пак да се релаксираат со спа викенд уживање во Струмица оваа есен.

Наградната игра трае од 06.04.2015 до 25.09.2015 и ќе се одвива во три периоди. Во секој период ќе се доделуваат по три вредносни ваучера за една од викенд дестинациите: 1. Од 06.04.2015 – 24.04.2015 – викенд за двајца во Охрид, 2. Од 01.06.2015 – 19.06.2015 – викенд за двајца во Прилеп 3. Од 07.09.2015 – 25.09.2015 – викенд за двајца во Струмица.

Извлекувањата ќе бидат на 30 април, 25 јуни и први октормври 2015 г. Добитниците ќе бидат објавени на веб страницата на Банката во рок од 3 дена од извлекувањето. Еден добитник може да учествува во сите наградни периоди доколку ги исполнува условите на наградната игра.