Шпаркасе Банка воведува бесплатни СМС известувања за трансакции

18

Почнувајќи од 01.11.2018 година, Шпаркасе Банка Македонија за своите клиенти ја воведува услугата бесплатни СМС известувања за сите направени трансакции во странство (интернет, банкомат и ПОС уред) и во земјата за интернет трансакции со платежни картички издадени од банката.

Оваа услуга на корисниците ќе им овозможи добивање на бесплатни известувања на мобилните телефонски броеви кои ги имаат доставено до Банката во рамки на контакт податоците.

Доколку има потреба од ажурирање на податокот за мобилниот телефонски број на кој ќе пристигнуваат СМС известувањата, или доколку корисникот не сака овозможување на оваа бесплатна услуга, банката ги замолува своите клиенти да се обратат во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка до 01.11.2018 година.