Шпаркасе Банка воведува променлива каматна стапка за кредитни картички и дозволени пречекорувања

40

Шпаркасе Банка Македонија ги информира постојните клиенти, физички лица, кои се корисници на кредитни картички и дозволени пречекорувања, дека почнувајќи од први јануари 2019 година, кај овие производи банката ќе започне со примена на променлива каматна стапка.

Таа е дефинирана како референтна каматна стапка на НБРМ за денарски депозити без валутна клаузула + маржа и не е повисока од највисоката законски дозволена висина на каматна стапка.

Како референтна каматна стапка при определување на променливата каматна стапка ќе се користи стапката што е последно објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ на 25.12. и 25.06. под називот каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и таа ќе се применува во периодот од 01.01. до 30.06 односно од 01.07 до 31.12 респективно.