Штета од 10.000 милијарди долари ќе остави пандемијата зад себе

15

Светската економија оваа година би можела да порасне посилно од очекуваното, со проценка дека пандемијата ќе предизвика економска штета од 10.000 милијарди долари, покажува анализата на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (United Nation Conference on Trade and Development – UNCTAD).

Според проценките, светската економија оваа година ќе има раст од 4,7%, што е повисока проценка од досегашната за 0,6 процентни поени поради очекуваното силно закрепнување на американската економија.

Економијата во 2020 година “забележа најголем пад на активноста откако во првата половина од 40-тите години на минатиот век почна да се води статистика за агрегатната економска активност“, велат проценките на UNCTAD.

Пандемијата на глобалната економија ѝ нанесе штета од 10.000 милијарди долари, а е причина и за губење на 255 милиони работни места со полно работно време.

Целата ситуација најсилно ги погоди земјите во развој поради “ограничен фискален простор, зголемени ограничувања и неадекватна меѓународна поддршка“, нагласува UNCTAD.

Фото: Pexels