Штетни хемикалии што се “кријат“ во детските играчки

28

Фото: Pixabay

Децата се ранлива група во општеството и честопати не се свесни за опасностите со кои се соочуваат, како на пример, опасните хемикалии на кои се изложени. За жал и родителите понекогаш не се свесни ниту доволно информирани какви хемикалии постојат и кои играчки да ги купат спрема возраста на детето. Организациите на потрошувачи постојано бараат од јавните власти и инспекциските органи задолжително да прават контрола на играчките и постојано да го следат RAPEX системот за брзо известување за да не дозволат влез на ваквите играчки во државата или доколку се присутни на пазарот, истите да ги повлечат и да ги информираат потрошувачите каде да ги вратат заради нивно понатамошно уништување, стои во Магазинот за потрошувачи на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ).

Како пример за постоење на штетни хемикалии се слајм “лигавците“ кои содржат прекумерни количини на бор, супстанција која се додава за да се им се даде на “лигавците“, желатинска текстура, но која е предмет на Европската директива за безбедност на играчки 2009/48 / EК и Европскиот стандард EN 71-3- 2013.

Граничните вредности на миграцијата зависат од цврстината на производот: 300мг /кг за течен или леплив материјал за играчки и 1200 мг/кг за сув, кршлив, прашкаст или еластичен материјал за играчка.

Многу организации на потрошувачи, како што се наведува во Магазинот, на барање на потрошувачите направија истражувања (лабораториски тестови) со цел да се утврди присуството на бор во овие играчки кои им станаа омилени на децата. Во многу реклами се опишува дека е оваа играчка одлична за играње, но во некои истражувања како, на пример, од страна на Британската организација на потрошувачи WHICH? се утврдило дека во некои од нив има бор и до четири пати повеќе од дозволеното,

Препорака е дека треба да се внимава дали да се купи играчката, а производителите да престанат со продавање на небезбедни производи на најмладите – децата.