Штипјани ќе се запознаат со услугите на Платежната агенција

41

Трибина во рамки на проектот Отворени денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, ќе се одржи утре во Штип.
Целта за одржувањето на трибината е да се реализира директна средба со земјоделците и бизнис заедницата од овој град на која ќе може да се дискутира за можностите и поволностите кои ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој.
Отворените денови на овие три институции завршуваат во февруари 2014 година. Предвидени се интензивни посети на скоро сите општини во Македонија, а целта е да се запознаат земјоделците со финансиските поддршки кои можат да ги добијат. Планирано е да се отворат и регионални центри во сите осум плански региони.