Штипската пастрмајлијада со брашно на Жито Лукс

43

Голем дел од пастрмајлиите на овогодишното издание на Штипската пастрмајлијада ќе бидат направени од брашното на Жито Лукс.

Заштитениот квалитет на штипската пастрмалија ќе се спои со друг заштитен и докажан квалитет, екстра белото брашно тип 400 на Жито Лукс. Ова брашно е идеално за фини бели печива. Тестата лесно се обработуваат, а специјалитетите имаат убав изглед и посебен вкус.

“Традиционалниот рецепт на штипската пастрмалија ќе биде направен со екстра белото брашно тип 400. Се надеваме дека посетителите ќе уживаат во вкусот на најдобрата пастрмалија и во одличната забава која ја нуди овој настан“, велат од Жито Лукс

На овој начин Жито Лукс придонесува за развој на локалните вредности, преку поддршка на значајни настани коишто се веќе прераснати во традиција.