Што ако имате лош шеф?

126

Што значи да имате добар, а што лош шеф? Дали тоа се препишува на неговиот карактер, пристап на работа, стратегија, фрустрација или нешто сосема друго. Една изрека вели дека сите добри шефови се добри на ист начин, а секој лош шеф е лош на свој начин.

Доколку имате шеф кој секое утро станува на “лева нога“, тогаш послушајте ги овие совети:

Одвојте го приватниот и професионалниот живот

Ако на работа постојано наидувате на критики од шефот, тоа ве полни со негативна енергија, фрустрација и се чувствувате непријатно, не дозволувајте таквите чувства да ви се прелеат и во приватниот живот. Немојте да мислите што ќе се случи утре на работа, додека сте дома со семејството и уживате во омиленото хоби или прошетка со домашното милениче.

Разговарајте со колегите

Доколку и другите колеги го делат истиот став како вие, тогаш разговарајте со нив и осмислете начин како да се поставите пред шефот, воочувајќи му дека греши. Ако сите заеднички побарате состанок со шефот, на убав начин објасните му што се случува.

Побарајте помош од човечки ресурси

Во случај нештата да излезат од контрола, а работите во голема компанија што има посебен оддел за човечки ресурси, тогаш побарајте нивна помош. На средбата објаснете што се случува и кажете кој е вашиот проблем.

Дадете отказ

Кога веќе сите можности се исцрпени, а работите не се подобруваат, тогаш размислете поубаво дали можеби токсичната средина во којашто работите, може да се рефлектира и на вашето здравје. Не дозволувајте работите да дојдат до таа точка, но ако нема друго решение, тогаш отказот може ќе ви падне тешко, но ќе биде отскочна даска за некоја идна подобра работа, во услови што ви одговараат и шеф што ќе знае да ве почитува и да ве поттикнува да напредувате.

Фото: Pixabay