Што ако пандемијата се случеше во 2005-та година?

79

Светот ја преживува најголемата криза по Втората светска војна. Рори Целан Џонс, дописник на BBC за технологија, поставува уникатно прашање – што ќе беше ако коронавирусот се случеше во 2005 година? Дали некој од нас би можел да замисли живот во самоизолација без дигиталните алатки што денес ги користиме секојдневно.

Па така, Facebook тогаш ги правеше своите први чекори и беше ограничен само на студенти и колеги на Марк Цукерберг. Во далечната 2005-та година, WhatsApp и Instagram воопшто и не постоеја, YouTube дебитираше истата година, Twitter го доживеа дебито една година подоцна, а првите iPhone телефони на Apple се појавија на пазарот две години потоа. Една од апликациите без кои многумина не можат да ја замислат работата од дома, Zoom, тогаш не била ниту во форма на идеја.

Пред 15 години постоел Skype (основан од претприемач од Естонија во 2003-та година), но на своите корисници тогаш им овозможувал само телефонски разговори, без можност за видео разговори. Дури и да биле достапни овие разговори, вистински проблем би било воспоставување на врската поради брзината на интернетот. Денес, 96% од домовите во Велика Британија имаат интернет врска со брзина од 54Mbps, што е доволно милиони луѓе да ги извршуваат своите задачи во домашни услови.

Интересен е фактот што во тоа време ниту електронската трговија не беше развиена, ниту се наѕираше дека може да се користи, да се порачува и да се плаќа преку интернет, а во договорено време порачаните производи да се најдат пред вашата врата.

Како заклучок за време на оваа криза може да се извлече фактот дека употребата на важни технолошки алатки може да бидат корисни, па и да спасат човечки живот, само ако мудро се користат.

Фото: Pixabay