Што ако пропуштате да платите рата од кредит?

73

Постојаното пропуштање плаќање на ратите од кредитот или трошоците на кредитните картички би можел да биде ран показател на деменција, долги години пред поставување на дијагнозата, покажува најновата американска студија.

Во рамки на истражувањето, чии резултати се објавени во медицинското списание ЈАМА, анализирани се здравствени осигуреници кои живеат сами ширум САД и ги следат нивните уплати на рати за кредит и трошоци за кредитни картички во текот на подолг временски период.

Научниците утврдиле дека е поголема веројатноста оние кои се заболени од Алцхајмерова болест или поврзани со деменција шест години пред поставената дијагноза да изоставуваат навреме да ги плаќаат своите достасани обврски.

“Мислам дека бевме малку изненадени што толку често го воочувавме. Лекарите често велат дека за деменција треба да испитаат банкарските изводи, но не можевме да утврди колку години претходно“, велат научниците.

Алцхајмеровата болест погодува околу 5,8 милиони Американци постари од 65 години, а се проценува дека до 2050 година ќе бидат околу 13,8 милиони.

Во истражувањето биле вклучени 81.000 лица, чии сметки биле анализирани во период од 1999-та до 2018-та година.

Фото: Freepik