Што беше топ инвестиција во 2019 година?

108

Иако за многу инвеститори, уметноста, поточно вредните уметнички дела, се една од најдобрите инвестиции, тој тренд полека се менува.

Според едно истражување што го пренесува Statista, вредноста на чантите во 2019-та година порасна за 13%, што е значително над останатите популарни предмети за инвеститорите. Поштенските марки се најдоа на второ место со раст на вредноста од 6%, додека со 5% на трето место се најдоа уметничките дела и ретките видови на виски.

Чантите можат да наидат и на поголема популарност кај инвеститорите поради нивниот начин на изработка и статусниот симбол што го покажуваат. Доколку се тргува со брендирани чанти од брендовите Hermes и Gucci може да се “извлече“ многу поголема вредност.

Фото: Pexels