Што би требало да правите во 20-те, 30-те, 40-те за да бидете успешни

177

“Еднаш во животот пробај нешто. Работи напорно за нешто. Обиди се да промениш. Ништо лошо не може да се случи“, порачува милијардерот и најбогат Кинез, Џек Ма.

Ма е основач на Alibaba компанија за онлајн трговија, којашто вреди скоро 200 милијарди евра.

Неговите совети за водење бизнис се универзални и применливи. Вели дека e природно луѓето да грешат, а особено помладите. Порачува на грешките да гледаме како на приходи.

Пораки за успешен живот и кариера

“Кога имате 20 години, бидете добри студенти. Влезете во претприемништво да стекнете мало искуство. Пред 30-тата одете во мала компанија. Обично во голема компанија добро се учат процеси , но кога одите во мала компанија, ќе научите што е страст, ќе научите да сонувате. Пред 30 години не е во прашање во која компанија работите, туку кој шеф го следите. Тоа е многу важно“, вели тој.

Од 30 до 40 години морате да мислите бистро кога работите за себе. Ако навистина сакате да бидете претприемачи.

Од 40 до 50 години морате да ги работите сите работи во кои сте добри.

“Но, кога имате 50 – 60 години, работете за млади луѓе. Потпрете се на нив и инвестирајте во нив, погрижете се да бидат добро. Кога имате повеќе од 60 години, трошете го времето на себе. Уживајте“, советува Ма.

Фото: Pixabay