Што да направите ако сте претерале со сончањето?

96

izgorenica-sonce-pixabay

Фото: Pixabay

Ако кожата ви е црвена, топла и болна, прво треба веднаш да се тргнете од сонце. Дерматолозите велат дека нанесување на нов слој крема/млеко за сончање може само да предизика поголема штета.

Изладете ја кожата

Туширајте се или лежете во млака вода околу 20 минути и не користете никакво средство за капење. Ако во моментот не можете да се истуширате, на изгорената кожа нанесете мокро парче ткаенина и оставете го да стои додека местото не се излади.

Зелен чај

Зелениот чај содржи антиоксиданси кои помагаат да се ослободат штетните молекули што настанале во организмот од ултравиолетовите зраци. Во една чинија ставете неколку кесички зелен чај и прелијте ги со врела вода. Ставете ја во фрижидер и чекајте да се излади. Потоа, натопете една крпа и држете ја на изгореното место половина час.

Користете хидратантна крема

Кога кожата е изгорена потребна е хидратантна крема. Најдобар избор би била крема без мирис, која содржи камилица или алое вера. Во случај да се појават меурчиња на кожата веднаш појдете на лекар.

Пијте што повеќе течности

Многу е важно да пиете што повеќе течности и секако да носите памучна облека што нема да ви ја иритира кожата.