Што не треба да правите на предновогодишната забава на компанијата

39

zabava

Фото: Pexels

Измина одлична година во која сте работеле напорно. На крајот вашата компанија ви организира предновогодишна забава на која сака да ги собере сите луѓе кои добро си ја вршеле работата. И пред да почне забавата, не заборавајте дека колегите ќе ве помнат по вашето однесување не само следниот ден, туку секој ден следната година. Еве неколку совети за тоа што не треба да дозволите да се случи за време на забавата на фирмата на која присуствувате:

Не пијте без мерка

Во многу компании на пиењето не се гледа како нешто којзнае колку лошо, но сепак на вакви настани се собираат сите ваши колеги. Затоа пожелно е да не сте тотално пијани. Од друга страна пак, ако цела вечер во рака држите безалкохолен пијалок, тоа исто така може да остави лош впечаток. Значи, најдобро е да бидете умерени.

Не раскажувајте непристојни шеги

На ваквите забави нема потреба разговорите да се вртат околу работата, политиката, религијата и сексот, бидејќи тоа може да создаде непријатни ситуации и да влијае врз некого. Ако сепак сакате да кажете некој непристоен виц, бидете дискретни.

Комуницирајте, не молчете

Предновогодишната забава може да ви е единствената шанса во текот на годината да разговарате со некој од топ менаџментот на компанијата. Искористете ја можноста. Секако, предновогодишната забава не е време да се жалите, да зборувате за зголемување на платата или да се посветите на долга анализа на пазарот. Едноставно, бидете позитивни. Ова може да ви помогне подоцна.

Не се облекувајте провокативно

Сигурно не сакате да ве запомнат поради облеката што сте ја носеле на забавата. Треба внимателно да изберете што ќе облечете, бидејќи премногу екстравагантна облека ќе ве направи да изгледате непрофесионално. Подобро е да бидете елегантни и во стилот кој е наметнат од компанијата.

Не флертувајте

Предновогодишната забава дефинитивно не е моментот кога треба да се покажат скриени вештини за флерт. Стојте подалеку од пијани колешки и колеги, сепак не сакате да се “плеткате” со некој што изгубил контрола врз своето однесување.

Не заминувајте последни

Да си заминете последни од забавата е исто толку непријатно, колку и да си заминете први. Најдобро е да ја напуштите забавата кога ќе почнат да си заминуваат повеќето колеги.