Што е бутик хотел?

633

Бутик по дефиниција е хотел што има помал капацитет, што се разликува од големите хотели по интимната атмосфера. Вообичаено нивото на приватност и луксуз во овие хотели е на високо ниво, а на гостите им се обрнува многу внимание.

Се претпоставува дека овој израз започнал да се користи во 1984-та година, а имал за цел да претстави мали луксузни хотели што се препознатливи по дизајнот.

Меѓу првите бутик хотели што се отвори во Европа се Mama Sheldter во Париз и The Chocolate Boutique Hotel во Велика Британија.

Иако се работи за хотели со помал капацитет, некои сметаат дека бутик хотелите треба да имаат најмногу 150 соби, но за други не е важен бројот на соби, туку пристапот што персоналот го има кон гостите. Вработените се грижат за секој гостин поединечно, одржувајќи ја професионалноста на високо ниво. Од друга страна, дизајнерските решенија на ентериерот треба да го надополнат искуството и да ги “маѓепсаат“ гостите да дојдат повторно.

Бутик хотелите можат да бидат самостојни, но и да работат во рамки на големи хотелски ланци. Некои хотели од овој вид на различен начин ги опремуваат собите, па гостите кои доаѓаат секогаш ќе се чувствуваат како да се на различно место.

Фото: Pexels