Што е цесија?

3975

pari

Цесија претставува договор за отстапување на одредено побарување од еден на друг доверител, при што на должникот му останува обврската да ја исплати кон новиот доверител.

Во овој договор постојат тројца учесници: доверителот што го отстапува побарувањето (цедент), новиот доверител што го прима новото побарување (цесионер) и должникот (цесус).

За склучување на цесијата не е потребно должникот да даде согласност за префрлување на побарувањето од еден на друг доверител, но цедентот е должен да го информира должникот дека обврската мора да ја подмири кон друг доверител.

paid

Цедентот, преку цесијата, не само што го пренесува основното побарување, туку и сите споредни побарувања што произлегуваат од него. Тука може да се вклучи законската казнена камата, доколку должникот навремено не ги исплаќа обврските.

Овој инструмент за плаќање често пати се користи доколку актуелниот доверител има долг кон трето лице, па наместо да го плати утврдениот износ, го пренесува правото на побарување на тоа трето лице, кое во овој случај станува цесионер.

Праксата препознава и случаи во коишто цедентот може да го отстапи своето побарување на повеќе лица, па тука должникот ќе го плати својот долг на првиот цесионер за којшто добил информација од цедентот.

Фото: Pixabay