Што е чартер лет?

2214

Чартер претставува вид на договор што авиокомпаниите го склучуваат со клиенти за изнајмување на своите авиони. Најчесто ги користат туристички агенции, спортски екипи, ансамбли, луѓе од деловниот свет кои учествуваат на различни семинари, конгреси, саеми…

Чартер летовите најчесто нудат евтини авио билети, коишто може да се добијат при уплата на туристички аранжман што во својата понуда вклучува и авио превоз до саканата дестинација.

Освен преку туристички аранжмани, чартер лет може да се резервира преку чартер авиокомпанија. Тоа се авиопревозници што го изнајмуваат целиот авион, а за разлика од класичните авиокомпании, тие продаваат авио билети за едно седиште.

Една од најзначајните карактеристики на чартер авиокомпаниите е тоа што се прилично флексибилни кога станува збор за времето. Кај редовните авиопревозници има редовни линии што имаат однапред дефиниран датум и време на летање, додека чартер летовите се извршуваат ad hoc, по потреба. Тие најчесто немаат фиксен ред на летање.

Чартер летовите се поевтини од редовните линии, па голем број туристи и патници ги одбираат токму нив. Чартер авио билетите се поевтини, бидејќи компанијата има загарантирана пополнетост на сите места.  Пополнетите места влијаат на цената за да биде поповолна во однос на редовните линии.

Еден од недостатоците што ги имаат чартер летовите е тоа што билетите се продаваат непосредно пред самиот лет, кога има уште неколку слободни места, па е мала шансата за купување билет.

Фото: Pexels