Црната кутија е вообичаен назив за уред чија задача е да ги снима сите технички информации за летот на авионот, како и гласот на пилотите за време на самиот лет. Основна задача на оваа кутија е да ги снима информациите и конверзациите што се користат во случај на несреќа за да се одреди причина за несреќата.
Во еден авион има две црни кутии, едната ги бележи информациите што се однесуваат на техничкиот дел на авионот, а во другата разговорите што се водат во кокпитот. Првата е FDR (Flight data recorder) бележи повеќе од 30 параметри неколку пати во секунда, што се однесува на техничкиот дел на авионот, а со други зборови, овој уред го мери “пулсот“ на леталото. Втората е CVR (Cockpit voice recorder) ги бележи звуците од кокпитот, вклучувајќи ја и комуникацијата меѓу пилотите.
Кога станува збор за бојата – овие уреди не смеат да бидат црно, бидејќи треба лесно да се пронајдат по падот од авионот. Според меѓународните стандарди, црната кутија не е во црна боја, туку во светло портокалови или светло жолта боја, со рефлектирачка површина, за да биде лесно впечатлив. На уредот пишува Снимање на летот – не отворај, од едната страна на англиски, а од другата на француски јазик.
Името црна кутија не е официјално во авио индустријата, туку тоа е израз што се користи во неформални околности, а прифатен кај медиумите. Авиомеханичарите најчесто ги користат англиските кратенки за двете кутии, коишто, инаку се сместени во опашката на авионот. Таму се сместени бидејќи тој дел од конструкцијата во момент на несреќата има најдобри шанси да “преживее“.
Фото: Pexels