Што е crowdfunding?

344

Социјалните мрежи не само што го променија начинот на којшто комуницираме со пријателите, туку послужија и како платформа од којашто црпиме информации за маркетинг производи и услуги. Токму една таква услуга е и crowdfunding–от.

Crowdfunding е собирање на пари или здружено финансирање. Започнал да постои со идејата да се соберат група луѓе кои ќе ја препознаат вредноста на некој проект. Така се креира заедница подготвена да финансира нечија добра идеја. На овој начин Crowdfunding е во рацете на сите.

Како функционира Crowdfunding?

Процесот е едноставен. Идејата што ја имате, потребно е што попривлечно да ја претставите на некој Crowdfunding сајт, да наведете која сума сакате да ја соберете и до кој временски рок. Потенцијалните инвеститори потоа ќе го прегледаат вашиот предлог, ќе размислат и доколку јасно сте им го претставиле потенцијалот на својата идеја, ќе ви дадат одредена сума на пари.

Во зависност од crowdfunding сајтот, постојат две опции за добивање пари.

Во првата, луѓето не инвестираат во вашата идеја, туку ја финансираат. Тоа значи дека ќе ви дадат пари доколку бизнис проектот успее, но нема да поседуваат дел од бизнисот.

Другата можност е за парите што ви ги даваат да добијат дел во бизнисот и да станат ваши партнери. Затоа, внимателно запознајте се со условите на секој сајт.

Две најпознати crowdfunding платформи се Indiegogo и Kickstarter.

IndieGoGo е одличен за хуманитарни проекти и собирање пари за некоја цел. За себе задржува 9% од сумата што сте ја собрале, ако сумата не е достигната, односно 4% ако кампањата била успешна.

Kickstarter поддржува само креативни проекти – филмови, игри, музика, технологија… Се оди на сè или ништо, односно, доколку за рокот што сте го поставиле не ја соберете потребната сума на пари, не добивате ништо. Во случај да сте ја собрале посакуваната сума, оваа платформа задржува 5%.

Како и вашиот проект да има успешна Crowdfunding кампања?

– Прво разгледајте ја конкуренцијата, погледнете ги нивните замисли и нивниот начин на презентација.

– Добро запознајте се со успешните crowdfunding проекти коишто наликуваат на вашиот и извлечете заклучоци за тоа кој начин на презентација е најуспешен и привлекува пари.

– Ако вашата бизнис идеја е потрадиционална, вистински избор за вас е ProFunder,  а доколку се занимавате со општествено корисни работи, финансирање побарајте на Buzzbnk или 33needs.

– CouseVox и FirsGiving се места за непрофитни организации, додека AppBackr е резервиран за мобилни апликации.

– На својот проект дајте му интересно име кое ќе биде лесно запаметено.

– Искористете ги социјалните мрежи за привлекување на луѓе

– Имајте детално објаснување, планирани трошоци, а изградете доверба и кредибилитет.

Фото: Pexels