Што е девалвација?

2246

cash-2259076_960_720

Фото: Pixabay

Девалвацијата е намерно надолно прилагодување на вредноста на валутата во една земја, во однос на друга валута, група на валути или стандард. Тоа е инструмент на монетарната политика што го користат земјите што имаат фиксен девизен курс или полуфиксен девизен курс. Често се меша со амортизација и е спротивна на ревалоризацијата.

Одлуката за девалвација на валута ја прави владата којашто ја издава валутата и за разлика од амортизацијата, не е резултат на невладините активности. Една од причините што земјата може да ја девалвира својата валута е ако се бори против трговскиот дебаланс. Девалвацијата ги намалува трошоците за извозот на земјата што ги прави поконкурентни на глобалниот пазар. Ова, од своја страна, ги зголемува трошоците за увоз.

Позитивни ефекти од девалвацијата

Во теоријата, позитивните ефекти на девалвацијата се изразуваат преку промената на релативните цени на домашните и странските производи, т.е. девалвацијата ги зголемува цените на увозните производи во споредба со домашните производи, со што се намалува увозот. Во исто време, девалвацијата ја зголемува цената на извозните производи во споредба со домашните и така се поттикнува извозот. Двата ефекта заедно водат кон отстранување на нерамнотежата во билансот на меѓународните плаќања.

Иако девалвацијата првенствено се употребува како инструмент за отстранување на надворешната нерамнотежа, таа предизвикува и бројни ефекти внатре во економијата. Така, девалвацијата ја зголемува профитабилноста на извозниот сектор и предизвикува замена на увозните производи со домашно производство и, на тој начин, води кон пораст на домашното производство и вработеноста. Исто така, преку зголемениот доход, девалвацијата ја зголемува и побарувачката на неразменливите производи, така што и нивното производство покажува пораст.

Недостатоци од девалвација

Додека девалвирањето на валута може да биде атрактивна опција, таа може да има и негативни последици. Со зголемување на цената на увозот, на пример, домашните индустрии се заштитени, но тие можат да станат помалку ефикасни без притисок на конкуренција. Доколку фирмите го финансираат обртниот капитал претежно со банкарски кредити, девалвацијата (којашто ги зголемува каматните стапки) води кон пораст на овие трошоци.

Поголемиот извоз во однос на увозот, исто така, може да ја зголеми агрегатната побарувачка, што може да доведе до повисок бруто домашен производ и инфлација. Девалвацијата ги зголемува трошоците за отплата на надворешниот долг, а тоа води кон намалување на реалната јавна потрошувачка. Девалвацијата може да предизвика негативни ефекти преку прераспределбата на доходот од секторите со висока склоност за потрошувачка на домашни производи кон секторите со ниска склоност.