Што е Discovery day?

76

Discovery day е ден во којшто, заинтересираниот кандидат за купување на франшиза, за прв пат “во живо“ се запознава со франшизниот систем.

Многу е важно да се направи систем со којшто потенцијалниот примател на франшизата ќе добие прецизни, точни и објективни информации за системот на франшизата и поради тоа постојат Discovery day или Ден(ови) на запознавање. При таквата тет – а – тет средба, потенцијалниот корисник на франшизата го анализира целиот систем од близу. Како изгледа продажното место или услужниот центар, кои се луѓето кои стојат зад него, каков општ впечаток се остава и слично, пишува Franchising.hr.

Од друга страна, Discovery Day е важен и за давателот на франшизата, бидејќи тоа е идеална прилика да го претстави својот систем на оние кои се заинтересирани и на тој начин да започнат заедничка соработка. Овој период може да се анализира и како еден вид на “прв тест“ за кандидатот. Само оние кои се истрајни и решени доаѓаат во централата на системот на франшизата за да може да се запознае со сите важни детали.

Не постојат одредени правила што важат за Денот на запознавање, туку давателот на франшизата го организира најдобро што може. Во организацијата може да се вклучат повеќе луѓе, да се одвива на различни места, да биде во повеќе фази, за да може да кандидатот да се запознае со она што би го очекувало доколку инвестира во франшизата.

Фото: Freepik