Што е договор?

1417

document-agreement-documents-sign-48148

Фото: Pexels

Договорот е согласување помеѓу две или повеќе страни кои се обврзуваат да ги исполнат обврските наведени во него. Тој може да биде склучен помеѓу физички лица, компании, корпорации и организации.

За формирањето на договор, обично треба да има понуда, прифаќање, разгледување и заедничка намера двете договорни страни да бидат обврзани една со друга да го исполнуваат она што стои во договорот. Секоја страна на договорот мора да има капацитет за негово склучување..

Договорите можат да бидат усни или писмени.

Иако усниот договор, може да биде доволен во одредени случаи, повеќето договори треба да бидат во форма на пишан документ, којшто ќе биде потпишан од двете одговорни страни и заврен во архива, по што тој станува валиден. На пример, доколку треба да се продаде некоја недвижнина на друго лице, за ова мора да постои писмен договор за истиот да биде правно обврзувачки и извршен.

Зошто се користи договор?

Договорот се користи кога луѓето или организациите се согласуваат да направат нешто заедно.

Да се дефинира што се бара од двете договорни страни;

Да ги заштитува и застапува правата на двете договорни страни;

Да се наведе што ќе се случи ако едната страна не ја исполни  договорната обврска;

Постојат повеќе видови на договори, Договор за застапување, Договор за посредување, Договор за складирање, Договор за шпедиција, Договор за вработување, итн.

Бизнис договор

Бизнис договорите се една од клучните алатки за заштита на секој бизнис. Најчесто помалите фирми може да не склучат договор иако тој е потребен, за разлика од големите корпорации каде што ништо не може да се направи без договор. Секој бизнис има информации што се интегрални и непроценливи за неговиот успех. Затоа, во договорот треба да биде наведено кои информации се доверливи и се од особено значење за бизнисот и неговиот успех, па потоа двете страни да се согласат истите да ги чуваат во строга тајност.

Во сите видови на договор, генерално треба да има неколку основни информации за тој да биде валиден: дата, име и на двете договорни страни помеѓу кои се склучува договор, треба да биде наведено за каков тип на договор се работи, колкав временски период важи, да биде соодветно потшишан од двете страни, итн.

Независно дали станува збор за бизнис договор, договор за ново работно место, закуп на стан… многу е важно секоја страна добро да биде информирана за условите пред да го потпише.