Што е инфографика?

392

Инфографика претставува визуелна презентација на информации или податоци. Најчесто се користи за да можат одредени информации да се објаснат на едноставен начин преку графички приказ. Во денешно време кога сите сме соочени со безброј информации, инфографиките се одвојуваат поради впечатливиот, прегледен и едноставен дизајн.

Се верува дека е моќна маркетинг алатка бидејќи на луѓето им е полесно и попривлечно да погледнат една инфографика, одошто да читаат долги текстови со премногу податоци.

Некои експерти дури и веруваат дека ако една слика вреди илјада зборови, една инфографика вреди илјада и еден збор.

Овој вид на графички приказ може да има поголем ефект ако се прави споредбена анализа, па да се воочат разликите, предностите и недостатоците на она што било земено предвид. Исто така, инфографиките може да послужат на едноставен начин да се објаснат или дадат одредени упатства за користење на производ, услуга или пак да се дадат инструкции (на пример, како да се однесувате во некој јавен објект во итни ситуации). Маркетарите сè почесто ги користат инфорграфиките за да визуелизираат одредени појави, анализи, соопштенија и слично.

Некои од предностите при користење на инфографика се:

  • Станувате препознатливи во интернет просторот
  • Оставате впечаток дека сте професионални и обрнувате внимание на деталите
  • Добро дизајнирана инфографика е привлечна за медиумите
  • Има силна моќ и остава долготраен впечаток
  • Визуелните содржини се поедноставни за претставување, а имаат поголем ефект

Фото: Pixabay