Колективен договор претставува писмен договор меѓу работниците, организирани во форма на синдикат, и еден или повеќе работодавачи, со којшто се регулираат различни прашања околу работните односи. Овој договор има правна сила, односно претставува извор на права, што значи дека работниците ако не се организирани во синдикат не можат со работодавачот да склучат важечки колективен договор.
Целта на колективниот договор е да се уредат прашања поврзани со платите и други материјални права, работно време и организација на работата, одмори, заштита при работа и други материјални и социјални права на работниците, како и механизмите за заштита на нивните права.
Иако некои елементи од колективниот договор може да се поклопат со индивидуалните договори за вработување, колективните договори се разликуваат по тоа што важат за сите работници вработени кај еден или повеќе работодавачи што ставил свој потпис на таквиот договор.
Постојат различни видови на договори што може да се потпишат на различно ниво – на ниво на индивидуален работодавач, на ниво на сектор или дејност или колективни договори на ниво на повеќе дејности. Со ова, на еден ист работник во исто време може да се применуваат повеќе колективни договори.
Овој вид на договори им овозможува и на работниците и на работодавачите преку заеднички договор да ги договорат деталите околу тоа како функционираат работните односи во пракса. Колективниот договор на работници може да им донесе можност да се изборат за поголеми права, подобри услови за работа и слично. Од друга страна, на работодавачите колективниот договор им дава можност полесно да ги регулираат правата на работниците во одредена дејност, во исто време бранејќи се од нелојална конкуренција во браншата.
Фото: Pexels