Што е кондоминиум?

639

Кондоминиум е израз што потекнува од современата градежна индустрија, а означува станбен комплекс којшто на станарите им нуди различни заеднички содржини.

Тоа со други зборови значи дека станарите, освен сопствен дом во кондоминиумот, имаат на располагање и паркинг простор, паркови, спа центри, теретани, базени, маркети, игралишта, постојан видео надзор, обезбедување и професионално одржување на просторот.

Кондоминиумот има за цел да постави високи стандарди за живот во урбаните средини, а од економски аспект, инвеститорите на вакви објекти имаат поголеми бенефити при изнајмување. Ваквиот концепт на живеење е поинаков бидејќи нуди погодности што ги нема “обичните“ згради. Условите во кондоминиумот значат дека станарите можат да поминат многу повеќе време близу до својот дом, без да патуваат со автомобил до трговскиот центар или фитнес клубот.

За прв пат, ваков вид на домување е забележано во САД на крајот на 50-тите години од минатиот век. Денес, најчесто може да се сретнат во големите метрополи и на популарни туристички дестинации.

Фото: Freepik