Што е конгломерат?

972

Конгломерат е поим што означува нешто што се добива со спојување на повеќе различни, фрагментирани делови. На тој начин, конгломератот настанува со спојување на неколку фрагменти и така се добива компактна маса.

Во економска смисла, конгломерат е вид на компанија којашто во својата производна програма има широк асортиман на различни производ, што се добиваат со користење на различна технологија или преку различни технолошки постапки и процеси, се наменети за различни групи на купувачи или имаат сосема различни канали на продажба.

Она што е карактеристично за конгломератот е тоа што е збир на компании или една компанија што се занимава со релативно голем број различни и сосема неповрзани дејности во различни индустрии наменети за различни пазари. Главна цел поради којашто се формираат овие гломазни компании е намалување на ризикот, олеснување на пристапот до финансии и поефикасна алокација на ресурсите.

Фото: Pixabay