Што е корпорација?

1873

architecture-1750564_960_720Корпорација е правно лице кое ужива поголем дел од правата и одговорностите што ги поседува поединецот; односно корпорацијата има право да склучува договори, да зема кредити и позајмува пари, да тужи и да биде тужена, да вработи вработени, да има сопствени средства и да плати даноци.

Постојат различни корпорации коишто вклучуваат секаков вид на бизниси. Додека нејзиниот точен правен статус варира од јурисдикција до јурисдикција, најважниот аспект на корпорацијата е ограничена одговорност. Ова значи дека акционерите имаат право да учествуваат во добивката, преку дивиденди и/ или апресијација на акции, но не се сметаат за лично одговорни за долговите на компанијата.

Речиси сите познати големи бизниси се корпорации, меѓу кои и Microsoft, Coca Cola, Toyota и други. Некои корпорации прават бизнис под нивни имиња, но и под деловни имиња, како што се Alphabet Inc., којашто е матична компанија на Google.

Создавање на корпорација

Корпорацијата се создава кога е инкорпорирана од група акционери кои имаат сопственост над неа, со намера да се спроведе заедничка цел. Целите на корпорацијата може да бидат за профитирање или не, како што е случај со добротворните организации. Сепак, огромното мнозинство на корпорации се формирани со цел да обезбедат добивка за своите акционери. Акционерите, како сопственици на процент од корпорацијата, се одговорни само за исплата на нивните акции од државната каса.

Корпорација може да има еден акционер или неколку. Кај компаниите што се од јавен интерес, често има многу акционери.

Работење на корпорацијата

Акционерите, кои генерално добиваат по еден глас по акција, годишно избираат одбор на директори којшто назначува и го надгледува управувањето со секојдневните активности на корпорацијата.

Одборот на директори е одговорен за извршување на деловниот план на корпорацијата и мора да ги преземе сите неопходни средства за да го стори тоа. Иако членовите на одборот генерално не се одговорни за долговите на корпорацијата, тие имаат обврска за грижа за корпорацијата и можат да преземат лични обврски ако ја занемарат оваа должност.

Ликвидација на корпорацијата

Кога корпорацијата ќе ги достигне своите цели, нејзиниот правен живот може да се прекине со ликвидација. Во суштина, се назначува ликвидатор, средствата на корпорацијата се продаваат, доверителите се исплаќаат, а сите останати средства се даваат на акционерите.

Процесот на ликвидација може да биде доброволен или принуден. Ако е принден, тоа обично е предизвикано од страна на доверителите на корпорацијата и може да доведе до банкрот на корпорацијата.