Што е коучинг?

252

Фото: Pexels

Поимот коучинг (Coaching) сè почесто се користи во бизнис светот. Тој претставува процес на индивидуална работа на конкретен предизвик со цел негово успешно надминување. Овој интерактивен процес на поединецот, тимот, компанијата или организацијата му овозможува да ги развие своите потенцијали и побрзо и поефикасно да постигне подобри резултати.

Методите што се користат при коучинг повеќе се насочени кон решение, одошто кон проблемите. Тие генерално имаат за цел да се дојде до решение и да се стимулира развој на сосема нови стратегии и начини на размислување и дејствување, а во заден план го става трудот да се решат проблемите и конфликтите од минатото.

Коучингот е релативно нова професија, што своите принципи на работење ги базира на принципите на психологијата. Сосема е поразличен од консалтинг, менторство и слично, а на своите клиенти нуди силна поддршка во развој на потенцијалите за да можат да се ослободат од сите пречки и да поентираат со успех.

Постојат два вида на коучинг: executive coaching – се применува кај компании што имаат потреба од промоција, унапредување на работата, комуникација со колегите и клиентите, развој на стратегија, создавање успешен тим… и life coaching којшто дава поддршка за личен развој на поединецот и тежнее кон унапредување на различни аспекти од неговиот живот.

Главна задача на коучерот е да му помогне на клиентот да ги открие сите познати и непознати причини за неговите неуспеси, главоболки, кризи… и истите да ги трансформира во предизвици што ќе го водат кон правиот пат. Негова задача е да му помогне на клиентот да ја “разбуди“ најдобрата верзија од себе, да покаже проактивност и желба за промена на подобро.