Што е кредитно осигурување?

289

Во денешната трговија најчест предуслов за реализирање на одреден договор е да се продава на отворено. На тој начин се создава кредитен однос помеѓу продавачот и неговиот купувач кој носи дополнителни трошоци, како и дополнителни ризици за продавачот. Покрај тоа што продавачот ќе чека подолго за неговата наплата и самата вредност на побарувањата секој ден ќе биде сé помала. Трговскиот натпревар, посебно на меѓународниот пазар е премногу неизвесен, а реализацијата на проектите носи низа ризици. Овие ризици можат да се намалат со соодветни инструменти за осигурување.

За да им се помогне на македонските трговски друштва кои продаваат на отворено, македонските банки вршат осигурување на побарувањата на краток рок од комерцијални и политички ризици.

Комерцијален ризик е кога купувачот не плаќа поради неликвидност или стечај.
Политички ризик е кога купувачот не плаќа поради одредени случувања во земјата како војна, граѓански немири, окупација, револуција, укинување на дозволи, непочитување на договор, мораториум.

Корисници на кредитното осигурување можат да бидат трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија кои вршат продажба на стоки и услуги на отворена сметка со рок на плаќање до 180 дена.

Со користење на кредитното осигурување се обезбедува сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство, подобра ликвидност и билансната состојба на трговските друштва во Република Северна Македонија, влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари и поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал.

Кои производи ги покрива овој начин на кредитирање:

  • Осигурување на извозни побарувања по испорака
  • Осигурување на извозни побарувања пред испорака
  • Осигурување на домашни побарувања по испорака
  • Осигурување на домашни побарувања пред испорака