Lean management претставува концепт што предвидува континуирано унапредување на работата, процесите и вработените. Има лесна примена поради својот универзален пристап.
Фокусот е ставен на вредноста што им се испорачува на клиентите, а во исто време се води сметка за евентуалните застои во производството што можат многу да го чинат претпријатието. Системот тежнее кон поголема функционалност, подобри вештини, можност за раст и долгорочен развој.
Досегашните искуства од примена на овој концепт покажуваат дека за кратко време се намалуваат трошоците, но и залихите, се зголемува задоволството на купувачите, вработените имаат поголема мотивација за работа, се намалува времето за производство и слично.
Меѓу компаниите што го користат овој концепт се: Coca – Cola, Boeing, Nestle, Bank of America и други.