Што е market maker?

81

Фото: Pexels

Market maker претставува посебен вид на посредник на финансискиот пазар, којшто врши функција на раководител на одредена акција, со што станува прилично корисен учесник на пазарот на хартии од вредност.

На пазарот, еден market maker служи како своевиден катализатор на тргувањето. Со истовремена котација и за купување и за продавање, тие не дозволуваат заинтересираниот продавач или купувач на неликвиден пазар да дојде во ситуација да биде “осамен“ на страната на понудата или побарувачката. На тој начин, market maker-от придонесува за зголемена ликвидност на одредена хартија од вредност, а во исто време влијае и на пораст на ликвидноста и прометот на целата берза, што претставува нивна основна задача.

Иако негова задача е да го поттикне пазарот и тргувањето на одредена хартија од вредност, market maker-от тоа го прави за да заработи. За овие учесници на пазарот на акции, разликата меѓу куповната и продажната цена (таканаречен распон на цени), е основен извор на заработка, а за да се спречат евентуални злоупотреби, максималниот дозволен распон на цени е ограничен и регулиран од страна на берзата. Основен принцип е на најликвидните хартии од вредност, кои се најатрактивни за market maker-от имаат максимално ограничување, додека кај неликвидните акции им се нуди можност за поголем распон.

Market maker-от е корисен за секој пазар, бидејќи со нивните активности се забрзува процесот на тргување на пазарот на капитал, се зголемува прометот и се намалува распонот на цени на одредени хартии од вредност.