Што е микро, а што макроекономија

1952

savings-2789112_960_720

Фото: Pixabay

Честопати се мисли дека микроекономијата е категорија од макроекономијата, но тие се две различни делови од економската наука.

Сепак микро и макро економијата се надополнуваат една со друга. На пример, доколку во земјата има  инфалација (макро ефект), тоа предизвикува цената на добрата да се зголемат за компаниите и со самото тоа да влијаат врз цената на крајните добра што се наплаќаат во јавноста. Макроекономијата во голем дел е составена од микроекономски фундаменти.

Со други зборови, микроекономијата се обидува да ги разбере човечките избори и распределбата на ресурсите, додека макроекономијата се обидува да одговори на прашањата како Колку треба да биде стапката на инфлација? или Што го стимулира економскиот раст?

Микро и макро економијата обезбедуваат фундаментални алатки за кој било финансиски професионалец и треба да се изучуваат заедно, со цел целосно да се разбере како компаниите работат и заработуваат приходи, а со тоа, како целата економија се менаџира и одржува.

Макроекономија е дел од економијата што се занимава со проучување на економијата во целина, ги проучува економските односи помеѓу различни земји и нивната интеракција. Макроекономијата ја испитува збирната економска активност, преку економскиот раст, инфлацијата и невработеноста. Го проучува меѓународното дејствување на еден дел од економијата, на пример, индустрија на глобален план, производство на челик и сл. Она што е карактеристично за неа е дека вклучува стратегии на долг рок. Макроекономските гранки коишто се користат за да се постигне континуиран развој и да се одржи стабилноста се фискална политика и монетарна политика.

Микроекономија е дел од економијата што се занимава со проучување како индивидуите, домаќинствата и компаниите…Таа испитува каков ефект имаат понудата и побарувачката на добра и услугите. Една од целите на микроекономијата е да ги анализира механизмите на пазарот, пазарниот неуспех, и каде што пазарот не успева ефикасно да ги лоцира ограничените ресурси.

Од полето на микроекономијата особено внимане заслужува применетата микроекономија бидејќи опфаќа разни специјализирани полиња на проучување, од коишто многу се во непосредна врска со други научни дисциплини. Трудовата економија ги проучува платите, вработеноста, и динамиката на пазарот на труд. Јавните финансии или јавна економика, ги проучува владините даночни политики, трошочната ефикасност. Урбаната економија, ги проучува предизивиците со кои се соочуваат градовитe, како: загадување, сообраќај, урбана географија, сиромаштија. Здравствена економија ја проучува организацијата на здравствениот систем, улогата на работната сила во здравството како и здравственото осигурување.