Што е налог “горен лимит“, а што е “долен лимит“?

35

Фото: Pexels

Налог “долен лимит“  претставува налог што продавачот го дава на брокерот да ги продаде неговите хартии од вредност по било која цена која е повисока од наведеното ограничување. Брокерот мора да настојува да ја постигне цената којашто е повисока, но не смее да прифати пониска од зададената.

Таквите налози, ако брокерот не може да ги реализира во истиот ден, на поголемите берзи најчесто ги преземаат и ги спроведуваат специјалисти кои ги извршуваат кога цената ќе порасне на лимитираното ниво.

Налог “горен лимит“ е налог којшто купувачот го дава на брокерот да купи посакувана хартија од вредност по било која цена која е пониска од наведеното ограничување. Брокерот мора да настојува да постигне пониска цена од зададената, но не смее да прифати повисока од неа.

Таквите налози, ако брокерот не може да ги реализира во истиот ден, на поголемите берзи најчесто тоа го преземаат и спроведуваат специјалисти кои ги извршуваат кога цените ќе паднат на лимитираното ниво.