Што е опортунитетен трошок и опортунитетен доход?

832

Опортунитетен трошок и опортунитетен доход претставуваат алтернативна можност на еден економски фактор да ce употреби за некоја друга дејност и за истиот трошок (или потрошен труд) да ce остварува повисок доход од оној што ce добива во постојната употреба; изгубена можност, пропуштена околност или жртвувана алтернатива за остварување поголем алтернативен доход во споредба со постојниот.

На пример, во едно мало претпријатие во кое сопственикот работи, не ce пресметува наемнина или плата како трошок за неговата работа. За една година, откако ќе ги покрие трошоците, да речеме, остварува 1. 000 парични единици приход. Но ако тој човек, според неговата квалификација, работи во некоја друга фирма, ќе заработи, 1.500 во форма на наемнина или плата.

Во споредба со она што го добива за работата во своето претпријатие, заработува за 500 парични единици помалку, или во примеров 50% помалку. Од ова произлегува дека тој е во загуба што работи во своето претпријатие. За сличен пример може да ce земе некој фармер, којшто е сопственик на земјата и капиталот, а и самиот си работи на фармата.

Ако за својот труд како трошок не си пресметува наемнина, за употреба на неговата земја не си пресметува рента, a за вложениот капитал – интерес (камата), како мерила за рентабилност според принципите на пазарното стопанство, произлегува дека тој е нерентабилен стопанственик (бидејќи ако работи на туѓа фарма ќе добива наемнина, ако ja даде земјата под закуп ќе добива рента, а пак, ако го вложи капиталот во банка ќе добива интерес).

Фото: Pixabay