Што е ПИСА и на кое место сме ние?

165

ПИСА претставува кратенка од Programme for international student assessment, што е  меѓународен тест за проценка на знаењата и вештините на 15-годишни ученици во организација на Организацијата за економска соработка (OECD – Organization for economic cooperation and development).

Нашите ученици добија 393 поени за читање, 394 за математика и 413 за природни науки. Со овие резултати, земјава е 67-ма од 79 земји, опфатени во истражувањето.

Резултатите на македонските ученици се под просекот на OECD – 487 за читање, 489 за математика и 489 за природни науки.

Лидери на ПИСА листата се учениците од Кина, Сингапур, Макао (Кина), Хонг Конг и Естонија. Во првите 10 влегуваат и: Канада, Финска, Ирска, Кореа и Полска.

Од земјите во регионот, скоро сите се во подобра позиција од нас: Словенија (21-ва), Хрватска осум места подолу, Србија (45-то место), Црна Гора (52-ра), Бугарија две места подолу, Албанија (61-ва) и Босна и Херцеговина една позиција подолу.

На дното на листата се најдоа: Филипини, Доминикана, Косово, Либан и Мароко.

Фото: Pexels