Што е полномошен индосамент?

286

Полномошен индосамент (прокура индосамент) е пренос на право од хартија од вредност што не упатува на тоа индосатарот да стекнува права од хартијата од вредност во свое име и за своја сметка, туку коешто е извршно за да индосатарот стекне права од хартиите од вреднсот како полномошник на индосантот.

Индосатарот, значи, ќе настапува како индосантов полномошник, а не како лице кое само има права од хартијата од вредност. Па должникот ќе биде должен да ја исполни обврската на индосатарот, но како полномошник на индосантот, и со тоа исполнување ќе биде исполнета неговата обврска спрема индосатарот. Со самиот факт дека индосаментот полномошнички се наведува со ознаката индосамент или “вредност за наплата”, “за инкасо”, “како полномошник” и слично, тоа значи налог.

Индосатарот не е овластен понатаму да пренесува права од хартиите од вредност, освен со полномошничкиот индосамент. Кон идносатарот должниците можат да ги истакнуваат и приговорите што ги имаат во однос на индосантот.