Што е регионален стопански развој?

375

Регионален стопански развој e таков стопански развој што, освен развојот на одделните стопански области и гранки, го опфаќа и регионалниот развој, т.е. го содржи развојот на одделните територијални делови или подрачја на една земја.

Проблематиката на регионалниот стопански развој ги опфаќа условите и насоките на економскиот развој на потесните и пошироките подрачја на националното (односно светското) стопанство. Поимот регион е мошне широк и мора да биде посебно дефиниран за секоја однапред поставена цел во политиката на стопанскиот развој.

Секоја реонизација важи за одредено ниво на стопанскиот развој и за одреден територијален распоред на производните сили. Историскиот развој доведе до економски заостанати и до развиени подрачја, т. е. до голема концентрација на стопански активности и население во одделни потесни или пошироки стопански подрачја или центри, значи состојба на неразвиени и развиени краишта во една земја, a и пошироко во светот.

Врз основа на овие хронични појави на територијално нерамномерниот развој, настана економската теорија што ja проучува проблематиката на регионалниот стопански развој.

Фото: Pexels