Што е со Белене?

17

Во Белене над 80% бил завршен атомски реактор, кој наместо да биде довршен целосно и да носи приходи, бил демонтиран и продаден на Русија, на хартија за 200 милиони евра, но досега се добиени 78 милиони евра, велат економски експерти во Бугарија. Според нив цената на таков објект чини околу две милијарди евра. Интересно е што реакторот е продаден без тендер, на што реагирале и Русите, но тоа не ги предомислило да го купат реакторот.